Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Пелистер „падна“ во Тетово, Шкупи со евроголови го порази Вардар

ПМФЛ: Пелистер „падна“ во Тетово, Шкупи со евроголови го порази Вардар

Денес со почеток од 13:00 часот се одиграа натпреварите од 18 коло во македонската прва фудбалската лига.

Актуелниот шампион Вардар се изгледа дека полека ја губи трката за титулата со тетовска Шкендија. Натпреварот помеѓу Шкупи и Вардар беше го доби епитетот дерби на колото иако големо внимание привлекуваше и натпреварот помеѓу Шкендија и Пелистер.

Вардарци денес беа поразени од 2:0. Стрелци на двата прекркасни погодоци беа Јашаровски и Кристијан Стојкоски. После ова коло тимот на Шкендија создаде предност од 14 бодови, но црвено-црние имаат и два натпревари помалку.

Шкендија го искористи киксот на Вардар и беше убедлива против Пелистер. Како и натпреварот помеѓу Шкупи и Вардар и тука првото полувреме заврши без погодоци.

На отварањето на вториот дел Бесарт Ибраими погоди за 1:0, во 68 минута Хасани зголеми на 2:0, шест минути подоцна исклучување во тимот на Пелистер заработи Пеев. Конечните 3:0 ги постави Зејнуаи во финишот од средбата.

На останатите три средби Работнички со 3:0 го совлада Скопје, Силекс минимално со 0:1 славеше на гостувањето кај Академија Пандев, додека Победа и Ренова одиграа реми 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Јани Атанасов доби место во тимот на колото во Хрватска

Maкедонскиот фудбалер Јани Атанасов одигра одлично за Хајдук Сплит во победата од 1:0 прот…