Денес со почеток од 13:00 часот беше одиграно 14-тото коло во македонското фудбалско првенство од кое најмногу профитираше лидерот Шкендија.
Изненадување во денешните натпревари приреди Шкупи кој во Чаир го победи Вардар со 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствениот гол на оваа средба го видовме после десетина минути игра во второто полувреме, а беше дело на Сержињо.
Шкендија знаеше како да го искористи киксот на Вардар, па на гостински терен славеше победа против Работнички со 1:2.
Емини ја доведе Шкендија во водство 20-тата минута, Пеев осум минути подоцна го изедначи резултатот, па на полувреме се замина со 1:1.
На стартот од вториот дел гостите од Тетово го постигнаа голот кој им донесе победа и тоа преку Мици.
Во останатите натпревари Силекс ја совлада Академија Пандев на свој терен со 1:1, Ренова славеше против Победа со 2:1, додека Македонија Ѓорче Петров на гости кај Беласица беше убедлива со 1:4.