Изминатиот викенд пливачте на „Бета“ учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар „Свети Никола” кој се одржа во Ниш, Србија каде успеаа да се вратат со медали и тоа:
Блажевска Еминова Миа освои трето место во дисциплините 50 метри делфин и 100 метри грбно а постави и нови македонски рекорди во дисциплините 50 метри слободно со време 28,41, во дисциплината 50 метри делфин со време 31,10и во дисциплината 100 метри грбно со време 1:13.14.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милковска Јана трето место во дисциплината 200 метри делфин. Стојаноски Андреј второ место во дисциплината 200 метри мешано, трето место во дисциплината 400 метри слободно и трето место водисциплината 400 метри мешано.
Дамчевски Матеја трето место во дисциплината 200 метри грбно. Стојановски Андреј второ место во дисциплината 1500 метри слободно.