Дома Фудбал Останато Платини: На ФИФА не е и гајле за фудбалот, само мислат на пари

Платини: На ФИФА не е и гајле за фудбалот, само мислат на пари

Многу коментари во јавноста предизвика идејата на ФИФА која ја објави Арсен Венгер, а тоа е Светското првенство да се одржува на секои две години или пак Мундијал со 48 репрезентации.

Во јавноста сега се огласи поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини кој порача дека Светската фудбалска организација не мисли за доброто на фудбалот, туку само ја интересира како да извлече поголем профит.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„На чело на ФИФА има само луѓе кои размислуваат за бизнис. Што направи Инфантино од кога дојде? Зошто Светското првенстѕво да има 48 репрезентации? Нормално, повеќе натпревари, повеќе пари“, порача Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…