Дома Фудбал Италија Пирло: Не мислам дека мојата иднина зависи од натпреварот со Болоња

Пирло: Не мислам дека мојата иднина зависи од натпреварот со Болоња

Јувентус утре игра клучен натпревар во борбата за Лигата на шампионите против Болоња, но сепа не зависи се само од „старата дама“.

Клубот од Торино пред последното коло во италијанската Серија А се наоѓа на петтата позиција и освен што мора да победат ако сакаат да играат ЛШ, мораат да се надеваат и дека некој од Наполи и Милан нема да победи. Наполи игра против Верона, додека Милан го чека тежок дуел со Аталанта.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Многу се пишува во медиумите за можен отказ на Пирло, посебно ако Јувентус не се избори за место во топ 4. Сепак, Пирло смета дека неговата иднина не зависи од утрешниот натпревар.

„Бев победник како играч, сакам да бидам и како менаџер. Знам дека имам простор за напредок во тренерската кариера, се уште сум на почетокот, а оваа година е многу важна за мене. Не мислам дека мојата иднина зависи од утрешниот натпревар со Болоња. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Пирло.

На клупата на Јувентус Пирло седна на почетокот на оваа сезона и успеа да го освои трофејот во Копа Италија каде што пред неколку дена ја победија Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…