Дома Фудбал Италија Пирло: Интер скоро и да немаше шут на гол, планирав да играме финале во купот

Пирло: Интер скоро и да немаше шут на гол, планирав да играме финале во купот

Тренерот на Јувентус Андреа Пирло е само осмиот тренер кој успеал да го одведе клубот до едно финале во Купот на Италија во својата прва сезона.

Јувентус вчера одигра 0:0 против Интер и поради победата од првиот натпревар во Милано 1:2 „старата дама“ обезбеди финале каде што ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аталанта и Наполи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секој меч е поинаков и за секоја различно се спремаме. Интер скоро и да немаше шут на гол, а ние имавме шанси и задоволни сме“, изјави Пирло.

Како што споменавме Пирло е осмиот тренер кој во својата прва сезона со еден клуб ќе игра финале. Пред него тоа им успеа на: Роберто Манчини, Кристијан Бројки, Симоне Инзаги, Пјетро Карминијана, Бруно Конти, Владимир Петковиќ, Рафаел Бенитез и Ауерелио Андрацоли.

„Јас од почетокот планирав да играме финале во купот, како и да го освоиме Суперкупот, а во ЛШ да обезбедиме осминафинале“, порача Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…