Дома Фудбал Италија Пиоли пред мечот со Интер: Нашата цел е трофејот!

Пиоли пред мечот со Интер: Нашата цел е трофејот!

Милан и Интер утре ќе ги одмерат силите за првиот трофеј сезонава во финалето на италијанскиот Суперкуп.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли смета дека слабата форма на „росонерите“ во последно време во Серија А нема да влие на мечот против Интер.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Играме за трофеј, се соочуваме со голем ривал и ќе ни треба одличен настап. Ова е важен натпревар, можеме да освоиме уште еден трофеј кој ќе даде континуитет на нашиот пат. Знаеме дека треба да го подигнеме нивото на игра, нашата цел е да освојуваме трофеи“, ијави Пиоли.

„Тоа што се случува во Серија А не е важно, утре е нов натпревар. Сезоната и онака не завршува утре, мислам дека она што гравитира околу Милан е секогаш претерано, на добар или на лош начин. Интер е силен тим и тие секогаш ни создавале проблеми, но ние имаме наш план. Како и секој тим и тие имаат слаби точки, но нема да ги откријам“, порача тренерот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…