Дома Фудбал Италија Пиоли: Ова е срам, треба веднаш да реагираме

Пиоли: Ова е срам, треба веднаш да реагираме

Милан синоќа доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Специја (2:0) и денес може да падне од врвот на табелата во Серија А.

„Росонерите“ го одиграа најлошиот натпревар оваа сезона и не упатија ниту еден удар во голот на противникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Специја заслужено победи. Ова беше првиот заслужен пораз сезонава. Нашата игра беше срамна, не можевме да најдеме ритам и интензитет. Треба веднаш да реагираме. Мора да го задржиме нивото на игра, бидејќи ќе имаме проблеми“, изјави Пиоли.

„Ние не сме тим кој може да победува ако не игра добро. Игравме лошо во текот на целиот меч, ништо не успевавме да направиме на овој меч. Честитки за Специја“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…