Дома Фудбал Италија Пиоли: Ние сме млад тим и се уште не сме го достигнале максимумот

Пиоли: Ние сме млад тим и се уште не сме го достигнале максимумот

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли истакна дека е задоволен од новите засилувања и дека тимот е спремен за стартот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот шампион утре го пречекува Удинезе во првото коло од новата сезона во Серија А.

„Милан е силен, на терен ќе видиме дали сме посилни од минатата сезона. Во очите на фудбалерите го видов истиот дух како минатата сезона и тоа ме тера да мислам позитивно. Ние сме шампиони, но започнуваме од нула утре. Млад тим сме и никој од нас не го достигнал се уште максимумот, верувам дека ќе растеме како тим оваа сезона“, изјави Пиоли.

„Сите се спремни за утрешниот меч, освен Тонали кој е повреден, но добро напредува. Сметам дека доволно го засиливме нападот, имаме комплетен тим, а што се однесува до Де Кетелар, најверојатно мечот ќе го почне од клупата“, откри Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Една од најголемите легенди во историјата на Ливерпул објави дека има рак

Еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул и шкотска икона, Кени Даглиш, обја…