Дома Фудбал Италија Пиоли може да добие отказ, познат фаворитот за негов наследник

Пиоли може да добие отказ, познат фаворитот за негов наследник

Во еден момент сезонава во Серија А изгледаше дека Милан сигурно чекори кон Скудетото после долго време, но така беше некаде до после половина од сезоната.

Поточно, до натпреварот со Црвена Звезда Милан изгледаше одлично, а тогаш започна еден пад во тимот на Пиоли. Во овој момент Милан е на ист број со Наполи и Јувентус, но е надвор од топ 4 во Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според пишувањето на „Калчомеркато“ и „Газета Дело Спорт“, Стефано Пиоли би можел да остане без работа ако не избори место во ЛШ. Ако погледнеме како игра Милан во последно време се е можно.

Пиоли со Милан беше зимски шампион и потпиша договор до 2022 година, меѓутоа сега не му оди. Како најсериозен кандидат да го наследи ако замине во овој момент се споменува Иван Јуриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…