Дома Фудбал Италија Пиоли: Интер и понатаму е главен фаворит за Скудетото

Пиоли: Интер и понатаму е главен фаворит за Скудетото

Eкипата на Милан се врати на врвот во Серија А откако вчера победи во дербито со Наполи 0:1. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Оливие Жиру.

Иако Милан е лидер во овој момент Пиоли истакна дека според него Интер е фаворитот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Интер и понатаму е фаворит затоа што се актуелни шампиони и имаат натпревар помалку. Имаат силен тим кој знае да победува. Оваа победа е важна, затоа што ја остваривме против силен тим. Пеформансите исто така беа одлични и треба да продолжиме во тоа темпо и во иднина“, изјави Пиоли.

Во овој момент на врвот на табелата Милан има 60 бода, Интер 58, Наполи 57 и Јувентус 53. За разлика од ривалите Интер има еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус и Реал во тесна позиција: Бразилецот ја одби понудата, ги чека плановите на Алонсо и развојот на сезоната

Според шпанските медиуми, многу тешко ќе се случи промена во односите помеѓу Реал Мадрид и…