Дома Трансфер зона „Петлите“ не продаваат лесно, Мурињо ќе бара нова мета!

„Петлите“ не продаваат лесно, Мурињо ќе бара нова мета!

Не е тајна дека Португалецот Жозе Мурињо имаше огромна желба на „Олд Трафорд“ да го доведе Ерик Дајер од Тотенхем, но…

Мурињо полека ги склопува коцките за новата сезона, а прво засилување беше централниот дефанзивец Виктор Лиделоф кој пристигна од Бенфика.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Нема сомневање дека Мурињо ќе ги засилува и останатите линии, а една од неговите најголеми желби беше играчот од средината на Тотенхем, Ерик Дајер.

Англискиот репрезентативец пристигна од лисабонски Спортинг и на „Вајт Харт Лејн“ прикажува фантастични настапи. Дајер започна како дефанзивец, но под водство на Покетино доби „унапредување“ во средниот ред.

Португалецот смета дека Дајер одлично би се вклопил со Ерера и Погба, но Тотенхем за услугите на овој фудбалер бара неверојатни 50 милиони евра, што веројатно ќе го примора „Специјалниот“ да побара нова мета.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…