Дома Фудбал Останато Перспективниот тренер го одби Реал само да не го прекрши ветувањето

Перспективниот тренер го одби Реал само да не го прекрши ветувањето

Во Реал Мадрид и понатаму бараат тренер, бидејќи неодамна ги напушти Зинедин Зиан.

Неочекуваната одлука на Зидан ги шокираше сите во Реал, но „Кралевите“ не губат време и желба што побрзо да го пронајдат неговиот наследник. Секојдневно се појавуваат нови кандидати, но и разни информации.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така германскиот „Билд“ ексклузивно објави дека управата на Реал го контактирала Јулиан Нагелсман, но младиот и талентиран германски тренер одбил да преговара со Мадриѓаните.

Тој, според пишувањата на Билд, му дал збор на Хофенхајм и не сака да си оди, туку да работи и следната сезона во која Хофенхајм ќе игра во Лигата на Шампионите.

Со оглед на тоа што и тој одпадна, а претходно и Маруисио Покетино, остануваат имиња како Маурицио Сари, иако Италијанецот е поблиску до Челзи, отколку до Реал и Масимилијано Алегри, а се споменува и Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го декласираше Њукасл, а потоа како „гром од ведро небо“ се јави Бруно Фернандеш (Фото)

Барселона синоќа пред своите навивачи го декласираше Њукасл со 7:2 и се пласираше во четвр…