Дома Останати Авто Мото Перез повторно позитивен, нова шанса за Хилкенберг

Перез повторно позитивен, нова шанса за Хилкенберг

Перез непосредно пред трката за Големата награда на Британија беше позитивен на коронавирусот, помина седум дена во карантин и се надеваше дека ќе се врати на стазата.

Меѓутоа, тој на новото тестирање повторно бил позитивен, па ќе ја пропушти трката на која се одбележува 70. годишнината од првата трка во Формула 1.

Рејсинг поинт соопшти дека Мексиканецот се чувствува добро и се опоравува.

На местото на Перез, нова шанса за настап во Силверстоун ќе добие Нико Хилкенберг. Германскиот возач претходниот викенд требаше да вози за Рејсинг поинт, но не стартуваше поради проблеми со болидот.

Трката на Силверстоун се вози во недела од 15.10 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ботас најбрз во Сочи, Хамилтон ќе почека за рекордот

Валтери Ботас е победник на патеката во Сочи за Големата награда на Русија. Возачот на Мер…