Дома Фудбал Останато Переира: Причината поради која на дресот го носам името, а не презимето е едноставна

Переира: Причината поради која на дресот го носам името, а не презимето е едноставна

Репрезентативецот на Бразил, Андреас Переира ја разочара јавноста во Белгија кога одлучи да настапи за репрезентацијата на неговите родители, иако претходно го носеше дресот на Белгија во младинските категории.

Переира играше за Белгија како млад, но кога дојде повикот од Бразил не размислуваше долго за промена на репрезентацијата. Овој млад играч за врска оваа сезона се врати во Манчестер Јунајтед од позајмица и на почетокот беше стандарден кај Мурињо, но во последно време натпреварите ги гледа од клупата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Англиските медиуми ги интересираше тоа што овој фудбалер на дресот го носи своето име, а не презимето. Истото го направи Деле Али, но поради кавга со неговиот татко, додека ситуацијата на Переира е поинаква. Тој едноставно изјави дека не сака да биде во сенката од својот татко кој исто така беше успешен фудбалер.

„Во фудбалот има доста играчи кои се презиваат Переира. Мојот татко го носеше тоа презиме на дресот и сакав да направам нешто спротивно, бидејќи во Белгија сите ме знаат како негов син. Сакам да изградам своја кариера и свој пат и се надевам дека така ќе излезам од неговата сенка и дека останатите ќе видат колку вредам“, изјави Переира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона можеше да заработи барем 50 милиони евра, но Флик стави „вето“

Ханси Флик повторно покажа дека има огромен авторитет во Барселона, а сега го докажа тоа с…