Фудбалерите на Реал Мадрид ќе имаат голема мотивација да триумфираат во Лигата на шампиони, не само поради престижниот пехар, туку поради богатите бонуси.
Имено, претседателот на Реал Флорентино Перез им подготвил по 1.5 милиони евра за секој играч, доколку успеат да го победат Јувентус во финалниот натпревар. Тоа значи дека клубот на премии ќе потроши околу 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, ова е рекорд што се однесува до бонусите за одредено клупско постигнување, а минатата година секој фудбалер на „кралевите“ доби по 700 илјади евра за освојување на Лигата на шампионите.
За разлика од „кралевите“ играчите на Јувентус ќе добијат четири пати помали премии. Раководството на „старата дама“ одлучи во случај на триумф на секој фудбалер да му додели бонус од 350.000 евра.