
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имал разговор со тренерот на клубот, Солари после поразот од Џирона, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал Мадрид во последниот викенд изненадувачки загуби со 2:1 од Џирона на домашен терен, а после натпреварот Перез го повикал Солари со кого имал разговор од цели два часа.
„Кралевите“ иако имаа предност на полувремето со голот на Касемиро, Џирона во второто полувреме успеа да го сврти резултатот во своја корист и да запише важни три бода во првенството.
https://www.youtube.com/watch?v=4Wa9n_xJddI
Според шпанските медиуми Перез го интересирало во каква ситуација е екипата после поразот од Џирона и му порачал на Солари дека очекува тимот да не покаже никаква слабост на гостувањето кај Леванте.
Наводно е договорено да се продолжи во ист ритам како и пред поразот од Џирона, кој беше прв после почетокот на годината.
„Ротациите на Солари повторо не успеаја. Раководството не сака да види слабост против Леванте на неделното гостување, но и натаму покажува поверение во Солари и екипата со недеж на враќање на победничкиот морал кој владееше пред киксот против Џирона.“ – наведува шпанска Марка.
Инаку, Реал после овој пораз повторно заостанува девет бода во однос на водечката Барселона и ќе му биде многу тешко да се врати во борба за титулата.
К