
Легендарниот “Фараон” на лето ќе го напушти Енфилд по девет блескави сезони, но призна дека односот меѓу него и клубот не е без проблеми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Египетскиот офанзивец си заминува откако освои две титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони, Светското клубско првенство, Европскиот Суперкуп, два Лига купа, ФА куп и Комјунити шилд. На 440 натпревари постигна 257 голови и асистираше 122 пати, со четири титули за најдобар стрелец на англиската елита.
Минатата сезона беше величествена, а 33-годишникот тогаш одлучи да го продолжи договорот. Неговиот перформанс потоа значително опадна, па Салах смета дека сега е вистинско време. .
„Не сакам да кружам и да влегувам во детали. Минатата сезона не бев подготвен да си заминам по рушењето на рекордите и титулата во лигата – тоа не би било правилно. Верувам дека сега е вистинско време, иако има многу работи зад сцената што луѓето не ги знаат. Ми носи мир чувството дека ова е исправниот чекор, оваа година беше тешка за сите нас“, изјави Салах за TNT Sports.