Дома Трансфер зона Перез испратил свои луѓе во Париз: Ќе добие ли Зидан засилување од 300 милиони евра?

Перез испратил свои луѓе во Париз: Ќе добие ли Зидан засилување од 300 милиони евра?

Во медиумите неодамна се појави вест дека Зинедин Зидан побарал од Флорентино Перез да му биде ангажиран Садио Мане од Ливерпул, но вчеравечер „Франс Фудбал“ лансираше нова вест.

Имено, според нивните информации Реал Мадрид испратил свои луѓе во Париз со цел да го „проверат теренот“ за мега трансфер на Килијан Мбапе. Се наведува дека Перез е спремен да издвои огромни 300 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во летото кое следи Реал Мадрид би требало да доживее целосна реконструкција. Првото засилување веќе е обезбедно станува збор за Едер Милитао од Порто за кого „кралевите“ ќе платат сума од 50 милиони евра.

Големи промени се oчекуваат во нападот. Секако тука најмногу се споменува името на Еден Азар кој според многумина е најреална можност за Зидан.

Меѓутоа Флорентино Перез веќе подолго време има голема желба да го ангажира Мбапе. Претседателот на Пари Сен Жермен во медиумите неколку пати потенцираше дека Мбапе не е на продажба, но тоа изгледа не го откажува Перез.

Неодамна Келаифи тврдеше дека не би го продал Мбапе ниту за 1 милијарда евра. Сепак, ќе видиме дали ќе одолее на 300 милиони евра ако навистина пристигне таква понуда од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…