Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез овие денови престојуваше во Торино поради работни обврски.
Перез се сретнал и со првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели за да разговораат за прашањата поврзани со фудбалската политика. Тие разговарале за иднината на меѓународниот фудбал и идејата во наредните неколку години да се формира Суперлигата која двајцата ја сакаат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Реал имал средба и со Кристиано Роналдо кој го пречекал во тренинг кампот на Јувентус.
Оваа вест ги загрижи навивачите на Јувентус. Јувентус во неделата изгуби од Интер со 2:0 и се потешко ја следи борбата за Скудетото, Португалецот на тој натпревар беше непрепознатлив. Во претходниот период се шпекулираше дека Роналдо може да го напушти Јувентус, а како опции се споменуваа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Сепак, според она што засега се знае состанокот помеѓу Роналдо и Перез бил само пријателски.