Планот за формирање на Суперлигата засега пропадна, но изгледа дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува.
Перез и понатаму инсистира дека Суперлигата е проектот кој му е потребен на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакавме со УЕФА да разговараме за деталите, но не ни дозволија да објасниме, не ни дадоа време. Не се случи ништо преку ноќ, три години работевме на овој проект. Тој е планиран со цел да се врати големиот интерес кај навивачите и да се обезбедат пари за сите. Не сакам сега да објаснувам што е договорот, но клубовите не можат така лесно да се откажат затоа што се потпишаа“.
Новиот формат на Лигата на шампионите е најавен да стартува од 2024 година, но Перез порачува дека некои клубови нема да издржат до тогаш.
„Тоа што УЕФА е толку против проектот не е добро и не можам да разберам зошто. 2024 е далеку некои клубови нема да издржат до тогаш“, изјави Перез.