Дома Актуелно „Пеп ќе се докаже и во Олдам со буџет од 900.000£“

„Пеп ќе се докаже и во Олдам со буџет од 900.000£“

Тренерот на Бристол Сити, Ли Џонсон го пофали Манчестер Сити пред нивниот прв дуел од полуфиналето во Лига купот.

„Мислам дека тоа е една од најдобрите екипи во историјата на Англија. Во минатото сме имале одлични тимови – Манчестер Јунајтед со Алекс Фергусон и неговата „класа 92“, пред тоа неверојатните состави на Ливерпул, но мислам дека оваа екипа на Сити ќе влезе во историјата како една од најдобрите екипи која некогаш истрчала на англиските терени.“ – изјави Џонсон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој наведе дека дуелот со “граѓаните” ќе биде голем предизвик за неговиот тим.

„Сити има врвни фудбалери на секоја позиција, но оваа сезона играме сјајно против најдобрите клубови. Пеп Гвардиола многу брзо се прилагоди во Англија. Сепак, вистински предизвик е да отиде во Олдам и тоа да го направи со буџет од 900.000 фунти годишно. Убеден сум дека и таму ќе се докаже.“ – додаде Џонсон.

Првиот полуфинален дуел помеѓу Манчестер Сити и Бристол е на програмата во вторник во 20:45 часот на Етихад, а реваншот за две недели.

Вториот полуфинален натпревар го сочинуваат Челси и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …