Вардаровите бекови Aндреа Пенезиќ и Татјана Хмирова потпишаа едногодишни договори со Шиофок и ќе претставуваат огромно засилување за следната сезона. Toa е клуб, моментно петти во првенството на Унгарија, со амбиции да се приближува кон врвот, запоседнат од Ѓер и Ференцварош.

Пенезиќ и Хмирова се меѓу последните ракометарки на ЖРК Вардар кои договорија трансфери за следната сезона, откако клубот им соопшти дека ќе го скратува паричниот фонд во иднина. Хрватката првично најавуваше дека ќе ја заврши кариерата, но реши да го одложи тој чекор, барем, за уште една сезона.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Досега Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ потпишаа за ЧСМ Букурешт, Амандин Лејно се согласи за трансфер во Ѓер, Сара Ристовски ќе игра за Крим, а уште претходно Александра Лакрабер му се вети на Флери. Нема потврда за интересот на Мец за Бараба Лазовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Убава вест: Македонија домаќин на уште еден голем спортски настан во 2026 година!

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20…