Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Пеналот врз Меси е срам за фудбалот“

„Пеналот врз Меси е срам за фудбалот“

Аргентина ја совлада Полска со 2-0 и обезбеди осминафинале на Мундијалот во Катар, но во првото полувреме беше досуден спорен пенал кој е главна тема и по натпреварот.

Лионел Меси не го реализираше ударот од белата точка во 39. минута откако одличниот Војчех Шчесни успешно му го одбрани шутот.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд кој работи како стручен консултатнт за „Би-Би-Си“ кажа дека ВАР-технологијата направила грешка.

„Пеналот врз Меси? Тоа е срамота за фудбалот. ВАР не го воведовме за тоа. Шчесни едвај го допре Меси и тоа не беше пенал“, кажа Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Салах: Гледам победнички менталитет, ова може да биде наша сезона

Ливерпул успеа со пресврт да дојде до трите бода против Кристал Палас со погодоците погодо…