Дома Топ вести Многу емоции на едно место: Меси ќе се врати во Барселона!

Многу емоции на едно место: Меси ќе се врати во Барселона!

Фудбалскиот клуб Барселона следниот викенд ќе слави 125-годишнина, а специјален гостин на церемонијата ќе биде Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот ја прифати поканата на клубот да присуствува на церемонијата за прослава на годишнината на еден од најголемите клубови во светот. Меси не се збогуваше најдобро од својата Барселона во август 2021 година, кога не доби нов договор и беше принуден да премине во ПСЖ.

Но, неговата љубов кон клубот е над се, па дури и лошите односи со управата. Засега не е познато дали Меси ќе присуствува и на натпреварот против Лас Палмас кој е закажан за в сабота, 30 ноември, од 14 часот.

Да потсетиме, Меси годинава нема повеќе професионални обврски. Интер Мајами испадна од плеј-офот и на неславен начин ја заврши сезоната, а беа комплетирани и сите квалификациски натпревари во Јужна Америка. Идеален викенд за Меси да се врати на местото каде што ги помина најдобрите денови…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Мурињо

Една од најголемите желби на Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид е ангажманот на Душан…