Чилеанецот изгледа ќе се врати во омилената улога.
Маурисио Пелегрини е прва желба на управата на Бетис и би можел наскоро да го превземе тимот од „Бенито Виљамарин“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест денес ја објавија шпанските медиуми со напомена дека се би требало да се заврши во наредните денови. Бетис неодамна го отпушти тренерот Руби после серијата лоши резултати, а Пелегрини сега е прва мета на управата.
Без ангажман Пелегрини е од декември минатата година кога доби отказ во Вест Хем, а претходно работеше во кинескиот Хебеи.
Ќе потсетиме Пелегрини фудбалското име го стекна токму во Шпанија бидејќи ја предводеше одличната генерација на Виљареал од 2004 до 2009 година, а потоа една сезона го водеше и Реал Мадрид.
Следуваше епизода во Малага со која стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите за потоа да премине во Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата. На „Етихад“ беше од 2013 до 2016 година.