Maнуел Пелегрини ќе биде првиот менаџер против кој ќе игра Мурињо како тренер на Тотенхем.
Токму Тотенхем ќе има прилика да го отвори 13-тото коло во Премиер лигата. Спарсите гостуваат кај Вест Хем во 13:30 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тотенхем има многу добар тим. Не знаеме што се случувало внатре во клубот. Покетино направи многу добри работи за клубот, но сега имаат уште еден искусен играч. Сите имаат свое мислење за тоа како се игра фудбал. Мурињо не ми е пријатели, но не ми е и непријател. Поинаку размислуваме за фудбалот. Тој е само неколку дена тука и Тотенхем веројатно ќе игра исто како и претходно“, изјави Пелегрини.
Вест Хем е 13-ти на табелата и последната победа ја забележаа на 22-ри септември против Манчестер Јунајтед, од тогаш испаднаа од Лига Купот од Оксфорд, а во Премиер лигата беа поразени од Кристал Палас, Евертон, Њукасл и Барнли.