Дома Останати Тенис Пекол во Мајами. Еден тенисер заврши во количка, друг за малку ќе се онесвестеше

Пекол во Мајами. Еден тенисер заврши во количка, друг за малку ќе се онесвестеше

Два дена по шокантниот колапс на францускиот тенисер Артур Казо на теренот за време на квалификацискиот Мастерс во Мајами против Харолд Мајот.

Казо, 74-тиот играч на АТП-листата, колабираше од топлина и исцрпеност во текот на третиот сет.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мечот го заврши во инвалидска количка, а лекарите му помагаа. Сите беа во шок и паника и дадоа се од себе да му помогнат на играчот, која секако го загуби натпреварот.

Слични сцени имаше и на натпреварот од првото коло помеѓу Матео Беретини и Енди Мареј. Италијанецот го доби првиот сет, но потоа дојде до пресврт.

Не можеше против Енди, а најголем проблем беше климата на Флорида. Беретини за малку ќе колабираше за време на натпреварот. Се тресеше и згуби рамнотежа, но сепак успеа да остане на нозе. Набрзо тој побара пауза, а потоа го загуби натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. грендслем титула“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне…