Дома Останати Тенис Пауза најмалку до Вимболдон: Ѓоковиќ би можел да падне на 277 место на АТП листата

Пауза најмалку до Вимболдон: Ѓоковиќ би можел да падне на 277 место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ ќе паузира на неодредено време поради операцијата на лактот на десната, а иако не нагласи колку време ќе паузира се шпекулира дека тоа би било најмалку до Вимболдон.

Ѓоковиќ веќе пропушти шест месеци поради проблемите со лактот, враќањето на Австралија Опен не беше успешно и поради тоа се наоѓа на 13 место на АТП листата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа поради новата пауза Србинот би можел да испадне и од најдобрите 250 тенисери во светот. Ѓоковиќ во овој момент има 2.470 бодови.

Поради турнирите кои ќе ги пропушти и изостанувањето на голем број бодови, Србинот би можел да падне на дури 277 место на АТП листата кое би го делел со Американецот Алаксандро Саркасијан и Турчинот Џем Илкел.

Сепак, без оглед на се за Ѓоковиќ е најважно конечно да го реши проблемот со лактот и во тој случај би имал прилика да ја врати препознатливата форма со која сигурно брзо ќе се врати барем во топ 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ пред Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби не баш добра вест пред почетокот на Вимблдон. Тејлор Ф…