Дома Топ вести Парти, Кавани, Киеза, Коста, Рафиња…Фијаско на Барса – се најинтересно од последниот ден од преодниот рок!

Парти, Кавани, Киеза, Коста, Рафиња…Фијаско на Барса – се најинтересно од последниот ден од преодниот рок!

Вчера заврши уште еден преоден рок, а во самиот финиш било и тоа како возбудливо.

ПСЖ некаде после полноќ го потврди трансферот на Рафиња Алкантара од Барселона. Бразилецот потпиша на три години и е платен 3 милиони евра, Барса ќе добие и 35% од неговата наредна продажба.

Голем трансфер видовме и во Лондон, Арсенал ја плати клазулата во износ од 50 милиони евра за Томас Парти. И оваа зделка беше потврдена околу полноќ.

Евертон доведе голман, Анчелоти го доби Робин Олсен од Рома.

Интерсно било во Челзи, Вест Хем и Челзи се договориле за позајмица на Томори, но младиот фудбалери буквално на десетина минути пред затварањето на преодниот рок го известил Лампард дека не сака да оди во Вест Хем.

Покрај трансферите на Алекс Телеш и Едисон Кавани, Јунајтед во последните моменти плати и 10 милиони фунти за младиот напаѓач кој доаѓа од Пењарол, Факундо Пелистри. Овој трансфер помина во сенка на двете големи засилувања. Треба да се спомене и дека „ѓаволите“ платија 21 милиони евра, плус 20 ќе бидат исплатени преку одредени бонуси за Амад Траоре од Аталанта. 18 годишникот во Јунајтед ќе пристигне во јануари.

И Лидс на Алиоски беше активен вчера. Тимот предводен од Марсело Биелса плати 17 милиони евра на Рен за Португалецот Рафиња.

Интересен да се спомене е и трансферот на Тео Волкот. Волкот после 16 години се врати во редовите на Саутемптон откако Анчелоти во Евертон не сметаше на него.

Барселона беше „губитникот“ на последниот ден од преодниот рок затоа што не успее да ги доведе Мемфис Депај и Ерик Гарсија. Во двата случаи Каталонците имаа договори со играчите, но не се договорија со Лион, односно Манчестер Сити.

Голем трансфер во последниот ден од преодниот рок направи и Јувентус, клубот од Торино го доведе Фредерико Киеза од Фиорентина.

Баерн беше исклучително активен и вчера ги потврди трансферите на Чупо-Мотинг, Даглас Коста и Буна Сар од Марсеј.

Рома конечно успеа да се договори со Манчестер Јунајтед за Крис Смолинг, преговорите траеа подолго време и беа завршени во последниот ден. Јунајтед за Смолинг доби 20 милиони евра.

Наинголан на крајот остана во Интер откако „нероаѕурите“ не се договорија со Каљари.

Фиорентина успеа да го доведе Хозе Каљехон од Наполи.

Жерар Делофеу се враќа во италијанскиот фудбал откако премина од Удинезе во Вотфорд.

Хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ го заврши трансферот во Верона.

Наполи во последниот ден направи изненадувачки трансфер и во своите редовите го доведе Бакајоко на позајмица до крајот на сезоната.

Арсенал го испрати Матео Гендузи на позајмица во Херта, Германците ќе ја исплаќаат неговата плата во наредната сезона и ќе немаат право на откуп.

Џастин Клајверт ја напушти Рома и потпиша за Лајпциг.

Јувентус покрај Даглас Коста во последниот ден од преодниот рок го испрати и Матија Де Шиљо на позајмица во Лион.

Подзаборавениот Белгиец, Кевин Миралас пронајде нов клуб и во наредната сезона ќе игра во турски Газиантеп.

Во главно ова беше се од последниот ден во преодниот рок кога во прашање се поголемите клубови и фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Денес се одиграа натпреварите од 14. коло во ПМФ, а за издвојување е високата победа на Шк…