Дома Фудбал Италија Парма останува во Серија А, но ќе започне со -5 бода

Парма останува во Серија А, но ќе започне со -5 бода

Новајлијата во Серија А, Парма нема да биде исфрлена од елитната лига, одлучи денес спортскиот суд во Италија.

Меѓутоа, судот ги казни „млекарите“ со одземање на 5 бода, па новата сезона 2018/19 ќе ја започнат со – 5 бода. Притоа, напаѓачот Емануеле Калајо доби суспензија од 2 години и треба да плати казна од 20.000 евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Напаѓачот беше фатен како разменува „чудни“ СМС пораки со играчи на Специја пред мечот меѓу двата тима, кој беше клучен за пласманот на Парма во Серија А.

На Парма и се закануваше враќање во Серија Б, но судот одлучи да остане во Серија А и да и одземе 5 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марсеј го исфрли рабио од тимот, треба да си бара нов клуб

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Дзерби, изјавил пред управата на клубот дека нема повеќе да…