Дома Македонски спорт Парма го сака Несторовски!

Парма го сака Несторовски!

Maкедонскиот репрезентативец Илија Несторовски се врати од тешката повреда минатата сезона, а полека почна да добива и минутажа во редовите на Удинезе.

Се поврзува Несторовски и со други клубови во јануарскиот преоден рок, а една од опциите е и екипата на Парма. Спортскиот директор на „млекарите“ откри дека му се допаѓа македонскиот фудбалер за засилување во нападот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Имаме идеја и размислуваме за засилувања. Посебно ми се допаѓа Несторовски кого Јакини добро го познава, сигурно би бил големо засилвуање за нас“, изјави спортскиот директор на Парма, Алфредо Манфредини.

Ако дојде до реализација на овој трансфер Нестор би станал соиграч со Буфон кој го брани голот на Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…