Дома Македонски спорт Мак фудбал Панчев: Спас за спортот е увоз на раководни структури од странство

Панчев: Спас за спортот е увоз на раководни структури од странство

Во светот фудбалот речиси секаде е профитабилен спорт, а една од ретките земји во која е далеку од профитабилен е Македонија. Имаме богата Федерација и многу сиромашни клубови.

Најдобрите европски клубови само од продадените влезници на еден меч заработуваат колку што е целиот годишен буџет на сите македонски прволигаши заедно. Публиката ја има, ама во обложувачниците и покрај малите екрани како гледа квалитетен европски фудбал. На нашите стадиони најчесто одвај по неколку стотици гледачи. Се водат битки на живот и смрт кој да биде на чело на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), партиите и политиката многу често прават „фаули”, во ФФМ често актуелни се финансиски афери, а последната, во која се зборува за проневера од 4,5 милиони евра… Има ли излез, може ли, конечно, македонскиот фудбал да застане на здрави нозе?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На овие теми во емисијата „Стадион” на „Канал 77″,  во рамките на серијалот „Парадокс” се обидoa да одговорат  фудбалскиот тренер Ѓоре Јовановски, фудбалските работници Љубомир Ѓурчевски и Драган Томовски, легендарниот фудбалер Дарко Панчев и потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев. Во рамките на емисијата беше емитувана и истражувачката сторија на Габриела Додевска со посебен акцент на се’ уште незавршените реконструкции на фудбалските стадиони во Прилеп, Битола, Тетово и во Штип, чија реализација оди преку партнерство на УЕФА, ФФМ и локалните самоуправи.

– УЕФА има многу пари и најмногу сака да ги вложува во инфраструктура. Тие пари главно се вложуваат во посиромашни земји како нашата. УЕФА издвои пари за терените и за поставување рефлектори, а сметам дека проблемот за незавршувањето на четирите стадиони е кај локалните самоуправи. Што се однесува до финансиската состојба на клубовите, таа е катастрофална. Од реклама многу малку или нула, од тв-права – нула, од публика – нула… Нешто може да се заработи само ако клубот се пласира во европските купови. Фудбалот во цел свет е профитабилен, а само во Македонија не е – истакна Ѓоре Јовановски.

 Љубомир Ѓурчевски, се задржа на работењето на фудбалската федерација.

– Буџетот на ФФМ само за годинава е 14,5 милиони евра, од кои 7,5 мииони се врз основа на тв-права. Тоа се добри пари со кои паметно треба да се располага. Но, ни’ се случуваа сомнителни работи. На пример, само соблекувалните во тренинг-центарот „Петар Милошевски” чинат 1.800.000 евра за 500 квадратни метри. Со злато да ги опремуваа тоа ќе беше скапо – рече Ѓурчевски.

Драган Томовски нагласи дека фудбалот во светот е профитабилен, но кај нас, според него, е неопходно да се изгради соодветна инфраструктура, да се обезбедат стручни тренери и пред се’ квалитетен менаџмент.

– За тоа колку се „богати” нашите клубови доволно зборува податокот што 89 отсто од нивните буџети одат за покривање на скромните плати на фудбалерите. Нашиот фудбал, сепак, имаше шанса да отиде понапред од она што се случува во општеството зашто добар дел од средствата доаѓаат однандвор, но… Ни’ треба комплетно нов кадар, луѓе неоптиварени со хипотеки и кои што можат да ги следат сите модерни случувања во светскиот фудбал или барем менаџментот да ископира дел од тие позитивни искуства – истакна Томовски.

Потпретседателот на ФФМ Лазар Ракиџиев за аферата што се актуелизира деновиве, во која наводно се вмешани десетина луѓе за проневера од 4,5 милиони евра рече дека ако некој направил криминал, тоа ќе излезе на виделина и ќе си одговара – рече Ракиџиев.

Според Дарко Панчев: спас за политиката и спортот е увоз на 20 министри, премиер и претседател на ФФМ од странство.

– Не е проблемот само во политичките партии, туку и до менталитетот на нашиот народ. Затоа што за многу работи погрешно размислуваме, ни сметаат оние кои што се успешни, а оние кои што се под сомнение тие се снаоѓаат добро. Луѓето кои што работат со години во фудбалот не ги интересира напредокот на фудбалот, нив ги интересират само личните интереси- вели Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…