Дома Македонски спорт Панчев: Не разбирам како поединци можат да кажат не играм, додека е „тој“ селектор

Панчев: Не разбирам како поединци можат да кажат не играм, додека е „тој“ селектор

Maкедонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија зборуваше на повеќе теми.

Во разговорот Панчев порача дека на фудбалерите треба да им е чест да играат за Македонија. Не спомена имиња, но јасно е дека Панчев мислеше на откажувањето на Стефан Ристовски кој поради несогласувања со селекторот одлучи привремено да се повлече.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„По тој период,мислам катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната.Некои играчи почнаа да си дозволуваат да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не. Секако дека тоа не е добро.

Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на ФФМ, а бе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука. Тоа е нешто нонсесн да размислуваш така, од каде тие идеи на тие играчи. Јас не разбирам навистина. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ПАНЧЕВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…