Дома Фудбал Лига на шампиони Панчев за пеналот против Олмета: Кога тргнав од центарот знаев дека не може ништо

Панчев за пеналот против Олмета: Кога тргнав од центарот знаев дека не може ништо

Пред 29 гофини фудбалска Југославија беше на нозе кога Црвена Звезда оствари огромен успех и стана европски шампион.

Епското финале после 120 минути заврши без голови 0:0, па победникот се решаваше преку пенал рулетот. Одговорноста за последниот пенал во серијата ја превзема нашиот Дарко Панчев кој го совлада Олмета за титула на Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Панчев за српски „Телеграф“ зборуваше за тој момент.

„Ако игравме два натпревари мислам немаше да биде исто. Тогаш ќе прикажевме подобра игра и ќе постигневме повеќе голови. Најважно е што го освоивме трофејот. Звезда беше подготвена за пенал рулетот, но ќе бидам искрен и ќе кажам дека повеќе сакав да промашат отколку јас да решавам. Психолошки тоа не е мала работа, чувствував мал страв, меѓутоа кога ја земав топката и тргнав од центар бев сигурен дека Олмета не може ништо. Шутнав силно и прецизно и донесов голема титула за Звезда“, изјави Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…