Дома Фудбал Италија Пандев прогнозира: Интер има најсилен тим, ќе ја заврши работата која не успеа лани

Пандев прогнозира: Интер има најсилен тим, ќе ја заврши работата која не успеа лани

Сезонава во Серија А најголемите фаворити не стартуваа баш најдобро, нешто подобо му оди на Наполи кој затоа се наоѓа на врвот на табелата, но не со преголема разлика.

Навистина во овој момент е тешко да се прогнозира кој ќе биде шампион на крајот, а тоа се потруди да го направи поранешниот македонски капитен Горан Пандев. Пандев верува дека неговиот поранешен клуб Интер може прв да ја помине низ целта.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Мислам дека Серија А оваа година е најбалансирана во однос на претходните години. Рома и Лацио ретко кога биле посилни. Според мене Интер и Инзаги имаат најсилен тим, сметам дека Интер ќе ја заврши работата која не успеа лани“, изјави Пандев за „Газета дело Спорт“

Интер минатата сезона до последните кола беше во борба со Милан за Скудетото кое на крајот заврши кај „росонерите“. Изненадувачки на стартот од сезоната одлично игра и Удинезе на Илија Несторовски кој има само еден бод помалку од водечките Наполи и Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо со кратка изјава најави дека се ближи крајот на неговата кариера

Кристијано Роналдо зборуваше за своето пензионирање, кое според него неизбежно се приближу…