Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Италија – Македонија ќе гледам на телевизија, нема да одам во Рим

Пандев: Италија – Македонија ќе гледам на телевизија, нема да одам во Рим

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев и пред овој натпревар помеѓу Италија и Македонија беше интересен за медиумите на Апенините.

Пандев беше запрашан да го прогнозира натпреварот, но сепак не сакаше тоа да го направи, а откри и дека нема да патува во Рим да го гледа натпреварот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Натпреварот ќе го гледам на телевизија, нема да одам во Рим. За мене натпреварот е специјален, па нема да давам прогнози“, изјави Пандев.

Доби прашање Пандев и за враќањето на Валтер Мацари на клупата на Наполи. Мацари го водеше Наполи кога Пандев беше член на овој тим.

„Не е убаво да се зборува за тренерот кога ќе биде отпуштен, жал ми е за Гарзија, но фудбалот е таков. Мацари е вистинскиот човек да го врати Наполи при самиот врв“, истакна Пандев.

Италија и Македонијак во рамките од претпоследното коло од квалификациите ќе се сретнат на 17. ноември во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Беласица бесни на судењето: Размислуваат дури и за напуштање на првенството!

Раководството на Беласица, поранешниот вицешампион на Македонија, тешко го прифати денешни…