Дома Фудбал Репрезентации Пандев за австриските медиуми: Ние ја сакаме улогата на аутсајдер

Пандев за австриските медиуми: Ние ја сакаме улогата на аутсајдер

Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев ќе ја предводи нашата селекција на претстојното Европското првенство.

Прв наш противник во Букурешт ќе биде Австрија со која ќе играме на 13. јуни, а сега Пандев имаше интервју за австриски „Кроне“. Во краткото интервју Пандев порача дека посакува на Македонија да се гледа како аутсајдер, а потоа ние да покажеме вистински фудбал.

„Сакам сите да гледаат на нас како на атусајдер, за ние да им покажеме што знаеме. Ја сакаме таа улога“.
Чувството пред настапот со Македонија на ЕП за него е прекрасно.

„Тоа е нешто прекрасно. живееме за тоа во Македонија. Сега имаме шанса да ја претставиме нашата држава на големата сцена и ќе дадеме се од себе“, изјави капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…