Македонската фудбалска легенда Горан Пандев повторно ќе истрча на теренот во дресот на Интер.
Имено, Пандев ќе биде дел од натпреварот кои ќе се одигра помеѓу легендите на Интер и Милан во кинескиот град Нанинг.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Пандев има статус на легенда во Интер, неодамна беше гостин во Лигата на шампионите пред дуелот со Манчестер Сити, а претходно исто така настапи во натпревар со легендите на „нероаѕурите“.
Ќе потсетиме, македонската фудбалска легенда во 2010 година со Интер освои се што може да се освои во клупскиот фудбал. Покрај Пандев во натпреварот со легендите на Милан во тимот ќе бидат уште: Милито, Адријано, Снајдер, Матераци, Маикон, Занети…