
Стартот на Ерик Гарсија против Џуд Белингем предизвика бура од реакции во преносот на Real Madrid TV за Ел Класико, натпревар каде што Барселона го освои шампионатот на Шпанија. Откако англискиот фудбалер остана на тревникот по дуелот, коментаторите на официјалниот канал на клубот изразија незадоволство, сметајќи дека моментот не бил доволно детално прикажан на гледачите и дека недостигаат повторени снимки на спорниот настан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Од Real Madrid TV ја истакнаа како срамотен начинот на кој се режисираат преносите на натпреварите во шпанската лига, а недостатокот на повторени снимки го означија како најголем проблем. “Шпанската лига не е сериозна. Ова е циркус и фарса. Ова е ужасно,” изјавија тие.
На Real Madrid TV инсистираа дека на гледачите, според нивното мислење, им е скратена јасна снимка од инцидентот: “Тоа можеше да биде црвен картон за Дани Олмо. На гледачот му се скратува повторената снимка на нешто што едноставно се случи. Ако не сме го виделе тоа досега, нема ни да го видиме, како и многу други работи, како на пример кога не сакаа да го покажат Мбапе како крвари.”
Коментаторите отидоа чекор понатаму, истакнувајќи дека самата вистина што снимката не е прикажана зборува сама за себе. “Тоа што сликата не беше емитирана веќе укажува што можеше да се случи, земајќи ја предвид историјата. Ако не ја прикажаа, проблем нема,” изјавија тие.
Сметаат дека потегот на Ерик Гарсија можеше да биде казнет со најстрога казна. “Можеби туркањето во пределот на вратот е нешто повеќе, но тоа не го видовме. Она што го видовме беше лакт на Ерик Гарсија, а тоа е јасно пенал и прекршок за црвен картон,” коментираа тие.