
ТРЕНЕРОТ на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се обрати на прес-конференцијата по тешкиот пораз на Камп Ноу, со кој Барселона го обезбеди шампионскиот трофеј, а Реал ја заврши сезоната без титула. Во своето обраќање до медиумите, Арбелоа зборуваше за разочарувањето, состојбата на повредените играчи и иднината на клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На почетокот, тој се осврна на спорната ситуација со Џуд Белингем и го призна поразот. “Ми изгледаше како јасен удар со лакт, но честитам на Барса за освојувањето на Ла Лига денес”, изјави тој.
Арбелоа зборуваше и за статусот на Килијан Мбапе, кој не беше дел од натпреварот поради повреда. “Останаа уште две недели и ќе го следиме неговиот опоравок за да знаеме дали ќе може да игра. Сакав да беше целосно подготвен и да започне од првата минута.”
Тој ја објасни и раната измена на Дин Хајсен. “Сакаше да игра, но почувствува слабост веднаш штом започна да се загрева. На ваков натпревар, ни беше потребна енергија”, рече тренерот.
Запрашан за насоката во која треба да се движи клубот, Арбелоа одговори: “Не е на мене да го анализирам тоа, но како тим треба да направиме исчекор и да имаме јасна идеја што ни е следно. За мене, ова е само почеток и мораме да разбереме дека загубивме многу драгоцени бодови. Може да се игра и изгуби против Барса, но не и против други тимови.”
На крајот, тој ја коментираше и својата иднина на клупата. “Знаете дека ќе разговараме со клубот, што е сосема логично, но сакам тимот добро да ја заврши сезоната и да не се опушти во последните три натпревари. Сакам сезоната да ја завршам на теренот, ќе се фокусирам на тоа и ќе им дадам минути на играчите кои досега немаа прилика.”