Дома Топ вести Падот на фабриката за таленти: Како „Ла Масија“ стана жртва на сопствениот успех

Падот на фабриката за таленти: Како „Ла Масија“ стана жртва на сопствениот успех

Со доаѓањето на Сандро Росел на местото на претседател на клубот во 2010 година ѕвездата на „Ла Масија“ започна да се гаси. Долгорочните плановите се заменија со прагматични цели. Процесот беше постепен и тој се продолжи и под актуелниот претседател Бартомеу.

Јохан Кројф беше познат по тоа што тренерите од малдинските селекции никогаш не ги прашувал за резултатот, туку за тоа како екипата одиграла. Реченицата „Мораме да равиваме играчи“ се замени со „Мораме да победуваме“. Додека Пеп Гвардиола и неговиот наследник на клупата на Б тимот Луис Енрике не бараа резултати туку развој на млади таленти, Еусебио Саркастијан, Жорди Вињалeс и Жерар Лопес беа отпуштани поради резултатски неуспеx, било да се работи за испаѓање во понизок ранг или серија лоши резултати. Во текот на четири години под водство на Гвардиола 28 млади таленти добија прилика во официјалните натпревари. Во наредната, единствена сезона на Виланова , единствен претставник од Ла Масија беше Карлес Планас кој денес е во АЕК Ларнака. Тој негативен тренд го доживеа врвот во 2018 година кога Барселона во натпреварот со Селта за прв пат по 16 години Барселона немаше ниту еден играч во стартниот тим од сопствената академија.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Иако со својата поддршка му овозможи на Лапорт да победи на клупските избори во 2003 Росел брзо се скара со својот сојузник, а две години подоцна ја напушти потпретседателската функција. Нивната расправија влијаеше на целото спортско друштво, а можеби најголеми последици се почувствуваа токму на фабриката за таленти. Заедно со Лапорт клубот во 2010 го напушти и уште еден важен член, Чики Бегерстајн.

Клубот се помалку се потпираше на сопствената школо, а се повеќе бараше играчи на трансфер пазарот. Откако Серхио Бускетс во 2008 диркетно од Ла Масија дојде до првиот тим, единствениот играч во наредните 10 години кој по ист пат стигна до првиот тим беше Сержи Роберто. Марк Бартра, Жерар Делофеу, Мунир Ел Хадади, Сандро Рамирез…Не беа достојни наследници на Пујол, Чави, Педро, Фабрегас…Производниот процес во фабриката на таленти беше во застој.

Со ангажирањето на Златан Ибрахимовиќ во 2009 година се најави промената и начинот на кој Барселона ќе се обиде да остане во врвот на елитниот фудбал. Давид Виља, Маскерано, Санчез, Нејмар, Суарез…Го донесоа она што академијата повеќе не можеше да го понуди. Фудбалерите од Ла Масија се повеќе беа наменети за интернационалниот пазар, а се помалку за потребните на клубот.

Во такви околности клубот немаше трпение за развој на бисери како што се: Мауро Икарди, Алекс Грималдо, Дани Олмо, Андре Онана...Меси, Чави, Иниеста и друштвото поставија високи граници кои нивните наследници не можеа да ги достигнат, а на Камп Нои набрзо сфатија дека не е реално да очекуваат дека на неколу години ќе им се појавува таква генерација на талентирани фудбалери. Поради тоа промената на трансфер политиката изгледаше како логичен потег за да се задржи континуитетот на освојувањето трофеи. Кога на крајот се ќе се собере изгледа како Ла Масија да стана жртва на сопствениот успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …