Дома Фудбал Хаос на Кипар: Застрелан претседател на контроверзен клуб

Хаос на Кипар: Застрелан претседател на контроверзен клуб

Контроверзниот бизнисмен и претседател на Кармиотиса, клуб од Кипар, Ставрос Демостенус, убиен е во петокот преку ден во Лимасол по пукање кое се случи пред неговиот дом.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Демостенус му се приближија напаѓачи кои излегоа од украдено комбе пред неговата куќа и испалија неколку куршуми. Синот на Ставрос се обиде да го однесе во болница, меѓутоа, бизнисменот и претседателот на клубот почина на патот кон болницата поради здобиените повреди.

Контроверзниот претседател беше следен и од обвинувања од страна на УЕФА дека учествувал во местење натпревари на Кипар. Кармиотиса, клубот чиј претседател беше, се наоѓа во втората лига на Кипар.

Извршителите на ова злостроство избегаа, а патем го запалија и комбето кое беше украдено. Демостенус покрај претседателската функција имаше и улога како агент на некои фудбалери, главно во неговата татковина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Барселона доби нов голгетер

Она што се шпекулираше деновиве, конечно е потврдено денес. Германскиот фудбалер Карим Аде…