
Зборовите на еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед на сите времиња, Вејн Руни, повторно започнаа полемика за кариерата на Маркус Рашфорд.
Англискиот фудбалер оваа сезона блеска на позајмица во Барселона откако минатата беше проследен на позајмица во Астон Вила.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Рашфорд по тој повод рече дека го ограничувала “околината” да биде поконстантен во дресот на Манчестер Јунајтед, но Вејн Руни не се согласи со таквото размислување. Говорејќи во својот подкаст „Шоуто на Вејн Руни“ на Би-Би-Си, легендарниот фудбалер изјави дека сè зависи од самиот фудбалер.
„Мислам дека околината не беше вистинската, но тоа зависи од тебе самиот,“ рече Руни. „Ако не играш добро или те изостават од тимот, најлесно е да ја обвиниш околината, без разлика дали тоа е исправно или погрешно. Мислам дека тоа произлегува од тоа колку се трудиш.“
Руни вели дека му е Рашфорд драг како личност, но дека сето тоа е само – изговор.