Дома Останати Падна првиот рекорд во Пекинг!

Падна првиот рекорд во Пекинг!

Холанѓанката Ирена Шутен денес освои златен медал во брзо лизгање на 3.000 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг и сруши рекорд стар 20 години.

Шутен до златото стигна со резултат од три минути 56.93 секунди и така го собори рекордот кој беше поставен во Солт Лејк Сити во 2002 година. Тој рекорд го држеше Германката Клаудија Пехштајн.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


29-годишната Холанѓанка го освои својот втор олимписки медал, прв златен. Сребрениот медал во оваа категорија го освои Французинакта Франческа Лолобриџид, додека бронзата и припадна на Канаѓанката Изабела Вајдмен.

Треба да се спомене дека денес 49-годишната Клаудија Пехштајн стана само вториот спортис и прва жена која осум пати учествувала на Зимски олимписки игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…