Дома Трансфер зона Падна ОДЛУКАТА: Интер ја плаќа клазулата за Бразилецот!

Падна ОДЛУКАТА: Интер ја плаќа клазулата за Бразилецот!

Управата на Интер одлучи, клазулата за фудбалерот на Ница, Далберт, ќе биде платена.

Преговорите трае веќе неколку недели, Интер нудеше бонуси, дури и некои играчи, но Ница не попушташе. Сепак, на крајот Далберт кој беше мета и на Барселона ќе заврши во Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, се чека реваншот помеѓу Ница и Ајакс во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, после што овој трансфер би требало да биде и официјализиран.

Спалети инсиситираше да му биде доведен левиот бек, клазулата изнесуваше 30 милиони. Далберт покрај Барселона се поврзуваше и со Ливерпул, Бразилецот во Милано пристигнува како четврто засилување, претходно пристигнаа Шкринар, Борха Валеро и Весино.

Далберт има 23 години во Европа пристигна преку пониските португалски лиги, а во Франција пристигна од Виторија Гимараеш.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…