Дома Фудбал Италија Падна важен потпис во Наполи

Падна важен потпис во Наполи

Од редовите на Наполи и официјално објавија дека го продолжуваат договорот со Матео Политано.

Политано го продолжи договорот клубот од Неапол до летото 2027 година, а неговата плата ќе биде 3.4 милиони евра по сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во редовите на Наполи, Политано пристигна пред почетокот на сезоната 2019/2020 и тоа како позајмен фудбалер од Интер, подоцна неговиот договор беше трајно откупен за 21 милион евра.

За Наполи одигра 175 натпревари, постигна 29 гола и додаде 24 асистенции, па секако дека продолжувањето соработката беше важно за клубот.

Дресот на репрезентацијата на Италија, Политано го носеше на 12 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Милан ветува: „Росонерите“ ваков старт на сезоната немале 20 години!

Фудбалерите на Милан досега одиграа шест натпревари во Серија А, а статистичарите извлекоа…