Дома Фудбал Англија Очекувано: Серхио Агуеро играч на месецот во Премиер лигата

Очекувано: Серхио Агуеро играч на месецот во Премиер лигата

Очекувано, Серхио Агуеро е избран за најдобар играч во Премиер лигата во јануари.

Со отсуството на Габриел Хесус, Агуеро си го обезбеди местото во првиот тим на Манчестер Сити и под такви околности беше брилијантен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ во јанауари славеа на три натпревари на својот „Итихад“ и го запишаа својот прв пораз во Премиер лигата на „Енфилд“, а Кун на четири натпревати постигна пет погодоци.

Во победата против Њукасл (3:1) постигна хет-трик, додека во победите на Втофорд и ВБА постигна по еден погодок. Во поразот од Ливерпул (4:3) не успеа да се запише во листата на стрелци.

Голема е веројатноста Агуеро за играч на месецот да биде избран и во февруари со оглед на тоа дека постигна четири погодоци во натпреварот против Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола во јануари добива засилување од 72 милиони евра?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе влезе во наредната борба против Арсенал со з…