Дома Фудбал Репрезентации Очаен старт на Луис Енрике: Новиот селектор на „Фурија“ во друштво на најлошите

Очаен старт на Луис Енрике: Новиот селектор на „Фурија“ во друштво на најлошите

Неговиот почеток на клупата на репрезентацијата на Шпанија најдобро може да се опише со зборовите „од очај до очај“.

Шпанците го отпуштија Јулен Лопетеги само еден ден пред почетокот на Мундијалот во Русија бидејќи се договори со Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фернандо Јеро ја предводеше „Фуријата“ на Светското првенство кое Шпанците го завршија во осминафиналето, а после ова натпреварување тој му го отстапи местото на Луис Енрике.

Се добро започна за Енрике со дебитантската победа на „Вембли“ против Англија од 2:1. Потоа следуваше декласирањето на светскиот вицешампион Хрватска со 6:0.

Тоа беа натпревари во Лигата на Нации, потоа лесно го добија Велс со 4:1, за по овој натпревар да започнат разочарувањата.

Прво пораз од Англија во Севиља 2:3, ап отоа и пораз од Хрватска со истиот резултат на гостински терен.

Така Шпанците се доведоа во позиција да не одлучуваат сами за својата судбина во Лигата на Нации и ќе зависат од Хрватска и Англија во завршницата од плеј-офот.

Кога сето ова ќе се собере, стартот на клупата на Енрике е еден од најлошите во историјата на еден селектор на клупата на „Фуријата“. Два порази во првите пет натпревари на клупата на Шпанија доживеаа уште Рамон Габилондо, Хозе Луис Коста и Хозе Луис Ласплазас.

Два пораз имаа и Висенте Миера и Педро Ескартин, но тие имаа една победа помалку (два порази, реми и две победи).

Тоа Енрике го сместува на четвртата позиција кога во прашање се најлошите стартови на клупата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…