Тимот на Охрид во вториот дел од сезоната ќе влезе со нов тренер.
Од клубот на својата Фејсбук страна потврдија дека се се разделуваат од Гоце Толески на кој не му одеше во првиот дел од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Охрид и Гоце Толески не ја продолжија соработката. Клубот во најскоро време ќе назначи нов тренер на екипата“, стои во краткото соопштение на Охриѓани.
Во првиот дел од сезоната Охрид играше очајно и во втората лига на западот се наоѓа на претпоследното место со 11 освоени бодови. Послаб учинок имаше само тимот на Кадино кои освои девет бода.
Фото: Охрид Лихнидос (ФБ)